24фудбал

Клоп: Манчестер јунајтед има повеќе пенали добиено за две години, отколку јас за пет и пол колку што сум во Ливерпул

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е разочаран што неговиот тим не доби пенал и направи споредба со Манчестер јунајтед.

Англија

Ливерпул загуби со 1-0 на гостувањето кај Саутемптон, и веќе трет меч по ред нема победа во Премиерлигата. На натпреварот имаше и еден контроверзен момент во кој црвените не добија пенал по игра со рака на противнички фудбалер.

„Имавме многу добар поглед на ситуацијата, и се свртев кон четвртиот судија и го прашав: „ќе го прегледувате ли ова? и тој рече: „го прегледавме веќе, нема пенал, 100 проценти нема“, вели Клоп.

„Сега некој нека ми каже колку брзо тие можат да ја видат ситуацијата од сите различни агли, но 100 проценти прегледале веќе и нема пенал“.

„Слушам сега дека Манчестер јунајтед имал повеќе пенали за две години отколку јас за пет и пол години колку што сум тука, не знам дали тоа е моја вина, или не знам како тоа се случува, но нема оправдување за нашите перформанси“.

Клоп сепак беше и критичен кон своите фудбалери кои првиот шут во рамките од голот го имаа дури во 75. минута од натпреварот. Стратегот на Ливерпул знае дека се во лош период, имаат грешки во играта кои мора да ги поправат.