24фудбал

Борусија Дортмунд го убедува Халанд дека се уште не е подготвен да игра за Реал Мадрид

Борусија Дортмунд очајно посакува да го задржи Халанд уште една сезона, па му вели дека се уште не е подготвен да игра за голем клуб каков што е Реал Мадрид.

Германија

Неколку клубови во текот на летниот преоден рок сигурно ќе се обидат да го купат Халанд, а еден од фаворитите е Реал Мадрид.

Борусија Дортмунд сака да го задржи норвешкиот напаѓач, па директорот Ханс Јоаким Вацке преку „Кикер“ му порача на Халанд дека уште не е подготвен да игира за клуб како Реал Мадрид.

„Доколку Ерлинг замине од кај нас, ќе оди во поголем клуб, а мислам дека се уште не е подготвен за тоа. Доколку одберете клуб како Реал Мадрид на пример, треба да бидете фудбалер од светска класа“, вели Ханс Јоаким Вацке.

„Јас можам да го советувам да стане прво како Левандовски кој веќе е светска класа, па да замине. Светска класа не може да се стане со само една сезона“.

Можеби директорот на Борусија Дортмунд и да е во право ако се земе примерот на Јовиќ кој од Ајнтрахт во Реал Мадрид отиде како голема фудбалска надеж а стана вистинско разочарување.

Но можеби Халанд е сосема поинаков карактер и ќе успее во Реал Мадрид наспроти прогнозите на Вацке.