24фудбал

Ваква тепачка на фудбалските терени немало од поодамна, му влезе со крампони во лице и го патосираше (ВИДЕО)

Финалето од бразилското првенство за играчи до 17 години помеѓу Флуминенсе и Атлетико Паранаенсе донесе хаос кој ретко се гледа, во очи паѓа страшниот кунг-фу удар на Жоао Габриел, кој со крампони му влезе во лице на противникот и го патосираше.

Јужна Америка

Флуминенсе и Атлетико ПР синоќа се бореа за титулата шампион на Бразил за играчи до 17 години, популарните Флу триумфираа со 2-1 но резултатот остана во сенка на хаосот кој се случи во финишот од мечот.

Во втората минута од судиското надополнување на второто полувреме дојде до кошкање кое за кратко време прерасна во масовна тепачка. Во очи паѓа страшниот кунг-фуд удар на Жоао Габриел од Атлетико ПР, кој истрача од клупата за резерви, со крампони му влезе во лице на Жоао Нето од Флуминенсе и го патосираше.

Дури десет минути траеше прекинот, судијата додели 9 црвени картони по што мечот продолжи.