24фудбал

Докторот кој го лечеше Марадона 30 години излезе со контроверзна изјава: Ова ми личи на самоубиство!

Алфредо Кае, кој три децении беше личен доктор на Диего Марадона, излезе со контроверзна изјава и порача дека смртта на легендата на Аргентина е самоубиство.

Јужна Америка

Диего Марадона почина пред еден месец како последица на срцев удар, но со ова не се сложува неговиот поранешен доктор Алфредо Кае.

„Последен пат го видов Диего жив во клиниката Оливос (каде му беше извршена операција на главата), беше под тешки седативи и заспан. Не можев да зборувам со него, ниту со доктор, ниту со писхолог, вратите веднаш ми беа затворени“ – вели Алфредо Кае, кој 30 години се грижеше за здравјето на Марадона.

„Кога се обидов да го видам по втор пат, веќе се имаше самоубиено!“

„Велам самоубиство бидејќи Диего беше уморен. Негова поранешна девојка неодамна ми кажа, „Повеќе не сака да живее, уморен е““.

Обвинителството води истрага за медицинска небрежност, под лупа е личниот доктор Леополдо Луке, кој може да одговара за убиство без умисла.