Ждрепката во Лигата на шампиони денеска ги спои Барселона и ПСЖ во осминафиналето, па Нејмар веднаш му пиша на својот добар пријтел Лео Меси.
Категорија: Лига на Шампиони 14.12.2020 21:36 Прочитано: 1007 пати
Нејмар неодамна ја разбранува фудбалската јавност со изјавата дека сака следната сезона одново да игра покрај Лео Меси, многумина ова го протолкуваа како најава за трансфер на Аргентинецот во Париз.
Лео Меси и Нејмар ќе се сретнат многу порано, но како ривали, откако ждрепката во Лигата на шампиони ги спои Барселона и ПСЖ во осминафиналето.
Ова беше повод за Нејмар да му пише на својот поранешен соиграч. Бразилецот постираше слика со Меси од церемонијата за доделување „Златна топка“ и порача: „Се гледаме наскоро пријателе“.
Nos vemos em breve meu amigo pic.twitter.com/VIwjyacBlx
— Neymar Jr (@neymarjr) December 14, 2020