24фудбал

Станковиќ: Нема предавање, ќе се бориме против Милан

Тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ е свесен дека Милан е голем фаворит во дуелот со неговиот тим, но вели дека нема да искочат со бело знаме, ќе се обидат да направат изненадување.

Лига Европа

Црвена звезда го доби Милан во ждрепката за нокаут фазата од Лига Европа. Тренерот на српскиот тим, Дејан Станковиќ дури 15 години од својата кариера помина во Серија А, а девет од нив играше за Интер, градскиот ривал на Милан.

„Вчера го гледав Милан со Парма, каде Парма одигра феноменално, но и покрај тоа Милан доминираше“, вели Станковиќ.

„Тие се лидери во Серија А и не треба да губиме време да зборуваме за нивната историја и што претставува Милан во европските натпреварувања“.

„Тие поминуваа низ период на транзиција, но впечаток е дека оваа сезона го најдоа вистинскиот баланс“.

„Ќе биде шоу. Немам проблем да го кажам тоа. Мојата желба е да имаме фанови на стадионите дотогаш“.

„Ќе имаме два натпревари, ќе се бориме на секој од нив, како што кажав и претходно, не треба да се плашиме од никој, но треба да го почитуваме секој“.

„Јас сум реалист, свесен сум дека не сме фаворити, но не се предаваме. Ќе се обидеме да ги искористиме нашите можости и ќе се бориме“.