24фудбал

Познати се осминафиналите дуели во ЛШ, Барселона повторно против ПСЖ

Денеска беа извлечени паровите за нокаут фазата во Лигата на шампионите, најинтересна ќе биде пресметката меѓу Барслона и ПСЖ.

Лига на Шампиони

Бранителот на трофејот, Баерн Минхен за противник го доби Лацио, интересен ќе биде и дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Челси, но се чини дека Барселона против ПСЖ е најатрактивната двојка, овие две екипи во изминатите години често се среќаваат во ЛШ, а тоа му додава дополнителен зачин на овој дуел.


ЛШ осминафинале:

Борусија Менхенгладбах - Манчестер Сити

Лацио - Баерн Минхен

Атлетико Мадрид - Челси

Лајпциг - Ливерпул

Порто - Јувентус 

Барселона - ПСЖ

Севиља - Борусија Дортмунд

Аталанта - Реал Мадрид


Првите натпревари се играат на 16/17/23/24 февруари, реваншите се 9/10/16/17 март.