24фудбал

УЕФА ќе прави големи промени во Лигата на шампионите за да спречи формирање на Суперлига

Во 2024 година Лигата на шампионите ќе изгледа значително поразлично од сега, УЕФА планира да направи големи промени со цел да спречи формирање на Суперлигата која ја најавуваа гигантите.

Лига на Шампиони

Англиските медиуми дојдоа до информација дека УЕФА планира една поинаква Лига на шампиони од оваа која ја знаеме, а целта е да се спречи формирањето на европската Суперлига која ја најавија големите клубови.

Според „Тајмс“ ќе има 32 или 36 клубови кои ќе бидат во една дивизија, тие ќе одиграат по швајцарски систем со десет различни противници.

Нема да има групна фаза, туку само ждрепка која на секој тим ќе му додели десет противници со кои ќе игра пет домашни и пет гостински натпревари.

Бодовите од овие натпревари ќе се регистрираат на една единствена табела, а 16 од екипите ќе се пласираат во осминафиналето од Лигата на шампионите за кое нема да има ждрепка туку првиот ќе игра со 16. на табелата, вториот со 15....

Екипите кои ќе се пласираат од 17 до 24 место ќе играат во нокаут фазата од Лига Европа.

Планирано е Англија да има дури шест екипи во новата Лига на шампиони, а останатите големи првенства ќе останат со по четири.

Покрај четирите загарантирани места од пласманот во Премиерлигата, другите две ќе бидат според ранкингот на клубовите во Европа, што значи дека клубовите од големата англиска шестка ќе имаат речиси загарантиран настап во Лигата на шампионите.

Преглогот се уште е во почетна фаза, а првпат на дневен ред треба да се најде на конгресот на УЕФА кој е закажан за април следната година.