24фудбал

Милан и Тотнем со победи до првото место (ВИДЕО)

Милан со гол на Хауге ја совлада Спарта Прага и го освои првото место во групата, Тотнем со 2-0 го победи Антверпен и истото така заврши како прв во својата група.

Лига Европа

Хауге во 23. минута постигна убав гол кој значеше триумф на Милан од 1-0 во Прага и важни три бода за освојување на првото место.

На првата позиција на Милан влијаеше и поразот на Лил на гостувањето кај Селтик од 3-2.

Тотнем со голови на Винисиус и Ло Селсо во второто полувреме дојде до победа од 2-0 против Антверпен со која го освои првото место во групата.

Малку фалеше Динамо Загреб да ја заврши групната фаза без примен гол, ја победи ЦСКА Москва со 3-1, а погодокот го примија во 77. минута.

Хрватскиот клуб сепак сруши голем рекорд, стана клубот кој во групната фаза најдоцна примил гол. 

Црвена звезда одигра без голови на гостувањето кај Либерец.