24фудбал

Динамо Загреб сруши голем европски рекорд!

Динамо Загреб стана екипата која најдолго во една сезона во европските натпревари е без примен гол откако помина и 33. минута од мечот со ЦСКА без да примат погодок.

Лига Европа

Само Јувентус, Манчестер јунајтед и Динамо Загреб влегле без примен гол во шестото коло од групната фаза во некое европско натпреварување, било тоа да се работи за Лигата на шампионите или Лига Европа.

На Динамо Загреб му беше потребно да издржи без примен гол до 33. минута за да го сруши рекордот и тоа се случи.

Хрватскиот тим нема примено гол повеќе од 483 минути и стана екипата која најдолго време е без примен гол во една сезона од европските натпреварувања.

По првото полувреме тие водат со 2-0, а како се одвива натпреварот ништо чудно и овој пат да не примат гол.