24фудбал

Драма на првиот меч на „Диего Армандо Марадона“, Сосиедад се спаси со гол во 92. минута (ВИДЕО)

Реал Сосиедад се пласираше во групната фаза од Лига Европа откако со гол во финишот се избори за 1-1 на гостувањето кај Наполи, Вилијан Жозе донесе радост за клубот од Шпанија.

Лига Европа

Драма на првиот меч на стадионот „Диего Армандо Марадона“, Реал Сосиедад во последните мигови се протна во групната фаза од Лига Европа.

Наполи поведе во 35. минута, Зелински прекрасно погоди со полуволеј од работ на шеснаесетникот за 1-0. Сепак, Реал Сосиедад оговори во финишот од мечот, Вилијан Жозе реализираше за 1-1 во 92. минута и донесе големо славје за клубот од Шпанија.

Драма имаше и во Швајцарија, каде Јанг Бојс со два доцни погодока го победи ЦФР Клуж во директен дуел за второто место на табелата. Гостите поведоа во 84. минута, за Нсаме во четвртата минута од пенал да изедначи на 1-1. Возбудувањата не застанаа тука, Гаудино во 96. минута стрелаше за 2-1. Во финишот беа покажани и три црвени картони.

Резултати Лига Европа:

Баер Леверкузен - Славија Прага 4:0
ЦСКА Софија - Рома 3:1
Дандалк - Арсенал 2:4
Х. Бер Шева - Ница 1:0
Лех - Ренџерс 0:2
Наполи - Реал Сосиедад 1:1
ПАОК - Гранада 0:0
ПСВ - Омонија 4:0
Рапид Виена - Молде 2:2
Риека - АЗ Алкмар 2:1
Стандард - Бенфика 2:2
Јанг Бојс - ЦФР Клуж 2:1