24фудбал

Мурињо го зголемува притисокот врз Солшер: Сега Јунајтед е еден од главните фаворити за освојување на Лига Европа

Жозе Мурињо вели дека Манчестер јунајтед станува еден од главните фаворити за освојување на Лига Европа во која се натпреварува и Тотнем.

Лига Европа

Манчестер јунајтед синоќа загуби од Лајпциг, па им се приклучи на Арсенал и Тотнем во Лига Европа. Жозе Мурињо кој со црвените ѓаволи го освои ова натпреварување, го зголемува притисокот врз Солшер.

„Се разбира, сега Манчестер јунајтед станува еден од најголемите фаворити да го освои натпреварувањето“, вели Мурињо.

„Тимовите кои синоќа се приклучија на Лига Европа се силни. Групата во која беа ПСЖ, Манчестер јунајтед и Лајпциг беше многу тешка. Знаевме дека кој од нив и да дојде во Европа Лига ќе биде силен тим“.

Жозе Мурињо има сто процентен учинок во Лига Европа или Куп на УЕФА, двапати играше, двапати освои. Првиот пат со Порто, вториот со Манчестер јунајтед. Навивачите на Тотнем се надеваат дека така ќе биде и оваа сезона.