24фудбал

Фергусон му испратил порака на Мојс да го пофали за сработеното во Вест Хем

„Чеканите“ по десет одиграни натпревари на стартот од новата сезона во Премиерлигата се наоѓаат на делба на петтото место заедно со Саутемптон и Вулверхемптон, а досега запишаа пет победи, две ремија и три порази, со што заостануваат четири бода зад лидерот Тотнем.

Англија

Поранешниот легендарен тренер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон му испратил порака на предводникот на Вест Хем, Дејвид Мојс, инаку тренер кој го наследи Фергусон на клупата на Манчестер јунајтед каде престојот му траеше кратко.

Денеска Вест Хем на домашен терен го пречекува токму Манчестер јунајтед во рамките на 11 коло од Премиерлигата, а Мојс сезоната со „Чеканите“ ја почна на одличен начин, па така 57 годишниот Шкотланѓанец смета дека оние кои го нарекуваат „диносаурус“ имаат недостаток на интелигенција, инаку таквите коментари на негова сметка алудираат на тоа дека Мојс не умее добро да се адаптира на одредени промени, како што беа на „Олд трафорд“.

Веројатно не би требало повеќе да се бранам во однос на оваа тема, чувствувам жалење на моменти кога луѓето го велат тоа за мене, но тоа само создава слика за нивниот недостиг на интелигенција“ вели Мојс на критиките дека се уште не успеал да се „трансформира“ во денешниот модерен фудбал.

Алекс Фергусон секогаш бил добар со мене, добро паметам колку добивав помош од негова страна во периодот кога го предводев Манчестер јунајтед, да се замени таква легенда беше огромна чест за мене, секогаш ми пружаше рака, ми беше достапен во секој момент“ додаде предводникот на Мојс откривајќи дека пред две седмици добил порака од Фергусон во која добил честитки и пофалби за тоа што го сработил во Вест Хем, а се потсети и како пропаднал трансферот на Единсон Кавани во неговиот период на „Олд трафорд“.

Се сеќавам во тој период како разговарав со претставниците на Кавани, проблемот беше што во тој момент јас ги имав Робин ван Перси, Вејн Руни, Чичарито, кои веќе беа на таа позиција, како и други кои се развиваа за истата позиција“ заклучи Мојс во пресрет на денешната пресметка со „Црвените ѓаволи“.