24фудбал

Динамо Москва се врати во игра за потписот на Ристовски, Македонецот го има последниот збор

Португалските медиуми од претходно најавија дека за нашиот репрезентативец повеќе нема иднина во составот на Спортинг Лисабон, а бекот би можел да си замине од тој клуб уште во јануарскиот преоден рок.

Македонија

Јасно е дека шефот на стручниот штаб на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим веќе ја затвори вратата за нашиот репрезентативец Стефан Ристовски кој би можел уште во јануари да си замине од редовите на португалскиот прволигаш.

„Русите се вратија во игра за Ристовски“ напиша „Абола“ известувајќи дека Динамо Москва подготвува нова понуда за 28 годишниот Македонец, а се верува дека останува на претходно договореното со Спортинг Лисабон околу висината на обештетувањето кое првично изнесуваше 3 милиони евра.

Познато е дека обата клуба претходно постигнаа согласност, меѓутоа Ристовски не даде зелено светло за тој трансфер и реши да се бори за место во составот на Аморим, меѓутоа бекот не успеа во таа намера, па останува дилемата дали конечно ќе се согласи да премине во редовите на рускиот клуб.

Во моментов, поради зараза со ковид-19, Ристовски е во Македонија каде се рехабилитира во самоизолација.