24фудбал

„Виктор Валдес ме третираше како го*но, ме избрка... како сега да ги платам сметките?“

Серхио Морено од редовите на третолигашот Орта излезе со остри напади кон Виктор Валдес, вели дека легендата на Барселона нема добри манири и фудбалерите не ги третира како луѓе.

Шпанија

Виктор Валдес неколку години се обидува да изгради тренерска кариера, откако имаше кратка и неуспешна авантура во младинската школа на Барселона, пред неколку месеци седна на кормилото на шпанскиот третолигаш Орта.

Останува да се види колку долго ќе издржи на оваа позиција но веќе пристигнаа жалби на негова адреса.

Гласот го крена Серхи Морено, кој пред неколку дена добил исписница од клубот на барање на Виктор Валдес.

„Бевме во теретаната, и на крајот од сесијата, Виктор Валдес дојде и ми кажа на мене, на Давид Горминас и Адри Химено дека повеќе не смета на нас. Ни порача да си ги собереме работите и да заминеме а тој ќе потпишел со други фудбалери“ – вели Серхи Морено.

„Не покажа ни малку човечност, мисли дека игра ФИФА и дека може да менува играчи кога сака. Сите ние сме луѓе, а Виктор Валдес придонесе да се чувствувам како го*но“.

„Заработувам за живот со фудбалот, како сега да ги плаќам сметките?“