24фудбал

Столе Димитриевски доби четири натпревари суспензија за навреда на судијата и зборот „макро“

Дисциплинската комисија немаше милост за Столе Димитриевски, Македонецот доби четири натпревари суспензија за навреди упатени кон судијата и нема да биде на голот на Рајо до 10. јануари.

Македонија

Столе Димитриевски во средата предвреме беше испратен на ладење против Леганес, претера со приговорите кон судијата па набрзина доби жолт и црвен картон.

Во записникот стои дека Македонецот го користел зборот „chulo“ кој во одредена конотација значи „макро“.

Дисциплинската комисија денеска одлучуваше за казната, немаше милост за голманот и му изрече четири натпревари суспензија.

Тоа значи дека 2020 е завршена за Столе Димитриевски, тој ќе ги пропушти мечевите со Логроњес, Лас Палмас, Жирона и Алкоркон. За очекување е да се врати на голот на Рајо на 10. јануари и средбата со Мирандес.