24фудбал

Болоња има „крт“ во соблекувалната, Михајловиќ му порача: Кога ќе го најдам, ќе го обесам на ѕид!

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ вели дека на последниот тренинг намерно ја променил формацијата за да види кој од соблекувалната споделува информации со медиумите.

Италија

Болоња има „крт“ во соблекувалната, некој на медиумите им ја открива формацијата и тактичките замисли на Синиша Михајловиќ. Па Србинот на последниот тренинг намерно ја променил формацијата за да види кој споделува информации.

На денешната прес конференција, кога беше запрашан дали ќе ја промени формацијата за гостувањето кај Интер, Синиша Михајловиќ рече: „Поставив нова формација за да видам кој разговара со новинарите. Намерно го сторив тоа. Водам истрага, и ако го најдам „кртот“, ќе го обесам на ѕид. Нема да заигра веќе“.

„Медиумите секогаш знаат Болоња како ќе игра, не е така со другите клубови. Ако го најдам тој што ви дава информации, ќе видите што ќе му се случи...“