24фудбал

Католичките свештеници бараат Сан Паоло да не се преименува по Марадона, нудат компромисно решение

Градските власти на Неапол, донесоа решение стадионот „Сан Паоло“ да се преименува во стадион „Диего Марадона“ во чест на фудбалерот кој им ги донесе најголемите успеси и кој важи за икона на градот.

Италија

На ваквата одлука со писмо се побуниле дел од католичките свештеници кои не сакаат да се тргне името Сан Паоло, нудат компромисно решение, да се додаде Марадона на веќе постоечкото име.

„Стадионот „Сан Паоло“ треба да се вика по светецот кој го донесе Исус. Со понизност чувствуваме дека ова треба да Ви го кажеме. Би било добро да се преименува во „Сан Паоло - Марадона“, како што е во Милано - „Сан Сиро - Меаца“. Тоа е компромис како да ја спасиме верата и да му оддадеме почит на шампионот каков што беше Диего“, велат свештениците.

Под писмото се потпишале. Дон Салваторе Џулијано, Дон Луиџи Мерола, Дон Кармине Амора, Дон Лело Понтичели и Дон Армандо Санино.