24фудбал

Боатенг објасни зошто прифатил да игра во Серија Б за Монца

Кевин Принц Боатенг вели дека не можел да ги одбие Берлускони и Галијани кога добил повик да игра за Монца, тоа се луѓето кои го донеле во Милан и му овозможиле да го освои Скудетото.

Италија

Пред само некоја година Боатенг беше играч на Барселона, а во оваа сезона настапува за Монца во Серија Б.

Тоа е второлигашот кој го водат Берлускони и Галијани, а Боатенг не можел да ги одбие нив.

„Нема дилеми кога ме викнаа. Берлускони и Галијани ме купија од Портсмут во најдобриот тим во светот пред десет години. Им беше потребна помош и реков да. Да ја предовам Монца до Серија А би било како да освојам Скудето со Милан. Забавно ми е тука, атмосферата не е како на мечевите во Серија А, но се чувствувам млад повторно, важен е само фудбалот, едноставните работи и нормалните стадиони“, изјави Боатенг.