24фудбал

Боатенг: Не знаев кој е Салемакерс

Кевин Принц Боатенг има пофални зброви за овој Милан и верува дека тие можат да ја освојата титулата во Серија А.

Италија

Боатенг сега настапува во Серија Б за екипата на Монца која ја водат Берлускони и Галијани, тој како играч на Милан го освои Скудетото во сезоната 2010-11.

„Имавме многу шампиони, Ибра, Робињо, Сидорф, Пирло, Гатузо, Тиаго Силва. Дури и кога не игравме добро, знаевме дека некој од нив ќе направи нешто и ќе победиме. Противниците се плашеа од нас“, вели Боатенг.

„Го гледав Милан, одамна не сум го гледал. Сите фудбалери си помагаат меѓусебно, што е позитивно однесување, противниците се плашат од нив како тим“.

„Кога ќе го видите Ибра како слави од трибините, значи дека духот е тука. Навистина можат да го освојат Скудетото. Милан го игра најдобриот фудбал во Италија и со играч кои не ги нии знам. Пример, не знаев кој е Салемакерс, но тој одигра перфектен меч против Фиорентина“.

„Пиоли креираше група и ако го вадиш најдоброто од своите фудбалери тогаш си одличен тренер. Сепак сето тоа може да се промени кога ќе се врати публиката на стадионот. Тешко е да се игра на Сан Сиро, мора да имате персоналитет“.