24фудбал

Некои се сомневаат во него, но не и Наполи, Гатузо доби нов договор

Директорот на Наполи, Кристијано Џунтоли потврди дека Џенаро Гатузо потпишува нов договор со клубот.

Италија

Џенаро Гатузо останува тренер на Наполи, тој доби нов договор.

„Знам дека адвокатите ги разменија договорите, постигнавме договор и формалностите беа завршени оваа недела“, вели Џунтоли.

Наполи синоќа одигра 1-1 на гостувањето кај АЗ Алкмар и ќе мора во последното коло да го обезбедува пласманот во нокаут фазата од Лига Европа.

На домашен терен против Реал Сосиедад не треба да изгуби. Има варијанта и со пораз да оди понатаму, тоа би било само во случај ако АЗ Алкмар не ја победи Ријека.