24фудбал

Адеми руши рекорди во Динамо Загреб

Капитенот на Динамо Загреб и еден од најважните играчи на македонската репрезентација, синоќа по 77. пат играше за хрватскиот тим во Европа и стана играчт со најмногу настапи за клубот во европските натпреварувања.

Македонија

Со синоќешниот настап против Феенорд, Адеми стана играчот на Динамо Загреб со најмногу настапи во европските натпреварувања, вкупно 77 настапи во Европа.

Во тие 77 натпревари Динамо Загреб има 37 победи, 16 нерешени и 24 порази. 

„Среќен сум, чест ми е што стана рекорден. Но продолжуваме понатаму, нема време за славење, имаме густ распоред, Славен Белупо, ЦСКА, Ријека... Мора да работиме, после ќе славиме. Тоа што немаме примено гол пет меча е нешто неверојатно, тоа покажува дека сме сериозна екипа. Секоја чест и за одбраната и за нападот“, вели Адеми.


Тој претходно стана и најтрофејниот играч во историјата на Динамо Загреб со кои освои 17 трофеи и се одвои од Томислав Бутина и Михаел Микиќ кои имаат по 16. Адеми освои девет шампионски титули, пет купиви и три суперкупа.