24фудбал

Откако Мингуеза почна да игра, Барселона нема примено гол

Поради проблемите со повреди, Куман мораше да го прекомандува Оскар Мингуеза во првиот тим, а отогаш статистиката на Барселона е феноменална.

Шпанија

Откако Оскар Мигуеза почна да ги стартува натпреварите за Барселона, каталонците немаат примено гол, а дадоа дури 11. Одиграа три меча, го победиија Динамо во Киев со 4-0, ја совладаа Осасуна со 4-0 и славеа против Ференцварош со 3-0.

Критиките за 22-годиишнит Мигуеза се одлични, дефанзивецот знае да ја чита играта и е максимално подготвен да ја зграпчи шансата која принудно му се укажа.

Роналд Куман ќе биде на слатки маки кога ќе почнат да се враќаат играчите како Араухо и Пике за кои се смета дека треба да имаат загарантирано место во првиот тим.