24фудбал

В.Д. претседателот на Барса кажа под кој услов може да биде купен Нејмар

В.Д. претседателот на Барселона, Карлес Тускетс вели дека Нејмар може да биде ангажиран само под еден услов, да пристигне на Камп Ноу за беспари.

Шпанија

„Каталонците“ во јануари ќе избираат нов претседател а неколку кандидати го ветуваат Нејмар. Бразилецот во средата изјави дека сака следната сезона одново да игра со Лео Меси, па Карлес Тускетс беше запрашан за можноста напаѓачот да се врати на Камп Ноу.

„Ваква зделка може да се случи само доколку Нејмар дојде беспари“ - вели В.Д. претседателот на Барселона.

„Во моментов не можеме да си го дозволиме, но ајде да видиме што ќе се случи во иднина, можеби следниот претседал ќе направи чудо“.

Тој исто така додава дека имало економска логика за продажба на Лео Меси минатото лето.

„Чисто од економски аспект, јас би го продал Лео Меси. Но секако, за ова треба да се сложи и спортскиот дел. Има голема економска логика за негова продажба. Ла Лига бара да се испочитува одреден лимит на платите и негова продажба многу ќе помогнеше околу ова прашање“.

Барселона неодамна постигна договор со играчите за намалување на платите во износ од 172 милиони евра и на тој начин се спаси од банкрот. Клубот е силно погоден од коронавирус кризата.