24фудбал

Мурињо има забелешки за односот на некои свои играчи кон ЛЕ и направи споредба со Манчестер јунајтед

Тотнем успеа да се пласира во нокаут фазата од Лига Европа на едно коло до крајот, но тоа го направи со реми кај ЛАСК каде одигра 3-3.

Англија

Мурињо смета дека дел од неговите фудбалери немаат сериозен приод кон Лига Европа додека се игра групната фаза од ова натпреварување, тој вели дека истото го искусил и со Манчестер јунајтед со кој дојде до трофејот.

„Имам чувство, од искуство, дека дел од фудбалерите чувствуваат дека не треба да бидат тука“, вели Мурињо.

„Мислам дека е во прашање нивниот однос, тоа сум го искусил и претходно“.

„Во Манчестер јунајтед имав слична ситуација кога загубивме два гостински меча во групната фаза. Кога дојде нокаут фазата и кога игравме со подобри и потешки противници, тогаш тимот имаше друг приод кон мечевите“.

„Факт е дека групната фаза од Лига Европа не ги мотивира дел од фудбалерите. Го знаев тоа“.