24фудбал

Арсенал убедлив во вистински момент, победа за самодоверба пред големото дерби со Тотнем (ВИДЕО)

Арсенал со 4-1 го победи тимот на Рапид Виена, важен триумф за тимот на Артета пред дербито против најголемиот градски ривал Тотнем, Рома со 3-1 беше подобра од Јанг Бојс.

Лига Европа

Петта победа на Арсенал во петтиот настап во Лига Европа, овој пат со 4-1 го победија тимот на Рапид Виена.

Победата доаѓа по разочарувањата во Премиерлигата и може да послужи за кревање на самодовербата пред неделното гостување кај Тотнем.

Резултатот го отвори Лаказет со прекрасен гол во десетата минута, осум минути подоцна Мари зголеми на 2-0, а до крајот на првиот дел погоди и Нкетиа за 3-0.

Рапид виена намали преку Китагава, но Смит Роув ги постави конечните 4-1 за Арсенал.

Рома го завери првото место во групата откако го совлада Јанг Бојс со 3-1.

Швајцарскиот клуб поведе со 1-0 со гол на Нсаме, но пред крајот на првиот дел Мајорал изедначи на 1-1.

Во 59. минута младиот Калафиори постигна маестрален деби гол за Рома, а конечните 3-1 ги постави Един Џеко во финишот од мечот.