24фудбал

Каква ноќ за младиот Калифиори, не можеше да постигне поубав деби гол за Рома! (ВИДЕО)

18-годишниот бек на Рома, Рикардо Калифиори го постигна својот прв гол во дресот на римската волчица, погоди против Јанг Бојс. Гол кој вреди да се види повеќе пати.

Лига Европа

Една топка дојде до Калифиори кој беше надвор од шеснаесетникот на противникот, тој со силен шут испука бомба кон голот на Јанг Бојс, голманот беше само гледач во оваа ситуација.