24фудбал

Црвена звезда и Динамо Загреб на коло пред крајот обезбедија нокаут фаза во Лига Европа (ВИДЕО)

Црвена звезда одигра без голови против Хофенхајм и го освои бодот кој беше потребен за следната фаза од Лига Европа, Динамо Загреб со 2-0 славеше на гостувањето кај Феенорд, асистенција на Адеми.

Лига Европа

Црвена звезда не го победи Хофенхајм но ја оствари целта, на коло пред крајот обезбеди европска пролет.

Хофенхајм беше подобар тим, но и нив им одговараше овој резултат, тие го обезбедија првото место во групата од која испаѓаат Либерец и Гент. Чешкиот тим денеска славеше со 2-1 во Белгија.

Динамо Загреб со 2-0 победи на гостувањето кај Феенорд и како првопласиран обезбедува место понатаму.

Петковиќ од пенал во судиското продолжение од првиот дел донесе водство, Мајер по асистенција од Адеми во вториот дел ги постави конечните 2-0.

Во оваа група Волфсбергер со 1-0 победи кај ЦСКА Москва. 

Волфсбергер и Феенорд во последното коло во директен дуел ќе се борат за второто место, Австријците имаат седум бода, холандскиот тим пет и му треба победа.

Асистенцијата на Адеми: