24фудбал

Познати се полуфиналните двојки од Лигата на нации

Денеска беа извлечени полуфиналните двојки за завршницата од Лигата на нации која ќе се игра во Италија во октомври следната година.

Останато

Домаќинот Италија ќе игра против Шпанија, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Белгија и Франција.

Италија и Шпанија ќе играат на 6 октомври во Милано, додека ден подоцна во Торино е дуелот меѓу Белгија и Франција.

Големото финале од Лигата на нации е на 10 октомври во Милано.

Полуфинале Лига на нации:

Италија - Шпанија

Белгија - Франција