24фудбал

Пандев: Се надевам дека пандемијата ќе заврши и македонските навивачи ќе бидат со нас на ЕП

Горан Пандев вели дека пласманот на Европското првенство со Македонија е круна на неговата кариера, се надева дека ќе оставиме впечаток и на континенталниот собир.

Македонија

Капитенот на Македонија, Горан Пандев е горд на селекцијата на Македонија, тој на теренот ги предводеше фудбалерите до историскиот пласман на ЕП. Сега кога целта е остварена, без притисок, може да се оствари и добар резултат на Европското првенство.

„Се надевам дека пандемијата ќе заврши и на Европското првенство ќе има публика, а тогаш ќе имаме голема поддршка од нашите навивачи. Реално, ние сме аутсајдери, но нема што да загубиме. Првите натпревари против Австрија и Украина ни се најважни“, вели Пандев.

„Пласманот на Македонија на едно големо натпреварување е круна на мојата кариера. Убави се сите тие пофалби, ми годат, бидејќи Макеоднија заврши фантастична работа. Ова е добро за Македонија, за репрезентацијата...“.