24фудбал

Касиљас го пецна Роналдо: Само 750? Ти можеш повеќе (ФОТО)

Гол-машината и на свои 35 години продолжува да ги полни мрежите на противниците, а синоќа во дресот на италијанскиот првак дојде до 750 погодоци во својата кариера досега.

Останато

Кристијано Роналдо синоќа го постигна својот 750. Гол во кариерата, а статистиката вели дека 10% од вкупната бројка погодоци на Португалецот се постигнати во дресот на Јувентус, 102 пати погоди во мрежата од голот на противниците во дресот на својата национална селекција, 118 гола во дресот на Манчестер јунајтед, 5 во Спортинг Лисабон, а најмногу во Реал Мадрид каде запиша 450 погодоци.

Португалецот се пофали за својот учинок на социјалните мрежи каде упати и благодарност до противниците кои го направиле да работи сеповеќе и повеќе, а неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, голманот Икер Касиљас имаше интересна порака до него.

Само 750? Ти можеш и повеќе!“ му напиша Касиљас на Роналдо.