24фудбал

Фавре: Ремизиравме само поради судијата, Милинковиќ-Савиќ симулираше како да се фрли во базен (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд прва дојде до водство во мечот со Лацијалите преку Гереро на една минута пред крајот на првото полувреме, но во второто Имобиле погоди од белата точка по пеналот кој го изнуди Сергеј Милинковиќ-Савиќ, за што Германците сметаат дека било симулирање.

Лига на Шампиони

Во Борусија Дортмунд не се задоволни од начинот на делењето на правдата во синоќешниот меч против Лацио на домашен терен кој заврши со поделба на бодовите и резултат 1-1 во конкуренцијата „Ф“ од Лигата на шампионите.

Шефот на стручниот штаб на „Милионерите“, Лусиен Фавре не се штедеше на зборови во критиките упатени до шпанскиот арбитар Лахоз, а токму во него го впери прстот заради тоа што неговиот тим не дошол до победа.

Ние ремизиравме само поради судијата кој досуди непостоечки пенал“ изјави Фавре по мечот.

Секако дека тоа беше симулирање за пенал, изгледаше како да се фрла во базен, ова е неверојатно, не можам да поверувам дека тоа беше пенал“ додаде Швајцарецот.


(пеналот на 0,37)

Во оваа конкуренција по пет одиграни кола во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд со десет бода е прва, следи Лацио со бод помалку, односно Бриж со седум и Зенит со само еден освоен бод досега.