24фудбал

Жиру: Оставте ме сега да уживам (ФОТО)

Оливие Жиру синоќа ја имаше партијата на кариерата откако даде четири голови против Севиља во победата на Челси од 4-0.

Англија

Жиру погоди со лева нога, со десна нога, со глава и од пенал. Францускиот напаѓач имаше брилијантна партија со која уште еднаш ги замолкна критичарите.

По мечот, Жиру само побара од новинарите да го остават да ужива во ноќта.

„Оставете ме само да уживам во оваа ноќ и оваа голема победа. Потоа ќе се одмориме и ќе видиме кои се плановите на тренерот“, вели Жиру.

Жиру доби честитки за перформансот и од поранешните соиграчи Месут Озил и Сеск Фабрегас.

„Каква ноќ за овој дечко“, напиша Озил со гиф од него и Жиру како се смеат во деновите од Арсенал.

Фабрегас кој беше му беше соиграч на Жиру во Челси, напиша: „Каков професионалец си ти другар. Сите млади играчи треба да те земат како пример. Одлично сторено уште еднаш. Напорна работа, посветеност и вистински карактер секогаш ги вртат работите кон подобро“.

Жиру после мечот си ја зема и топката од мечот која му беше потпишана од сите соиграчи во Челси.