24фудбал

Нејмар раскажува како го запознал Марадона кога имал 12 години и вели: Никогаш нема да го заборавам неговиот гест

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар се присетува како го запознал Марадона кога имал 12-13 години и вели дека никогаш нема да го заборави гестот на аргентинскиот генијалец.

Јужна Америка

Нејмар уште во најмлади години беше посочен како нова фудбалска ѕвезда, дете кое може да стане еден од најдобрите фудбалери во светот. Тој открива дека првпат го запознал Марадона кога имал 12-13 години и бил дел од младинската школа на Сантос.

„Сум имал неколку контакти со Марадона, но никогаш нема да го заборавам оној кога имав 12-13 години“, вели Нејмар.

„Штотуки почнав да играм за Сантос и бев да го гледам егзибицискиот натпревар меѓу поранешни играчи на Бразил и Аргентина“.

„Тимскиот автобус на Бразил беше речиси полн, не можев да одам со нив, па ме ставија во автобусот на Аргентина. Алехандро Манкузо и Марадона седеа напред, на првите седишта и ме земаа меѓу нив, и ме третираа многу добро. Кога стигнавме на стадионот, ме земаа со нив во соблекувалната на Аргентина, па бевме заедно и на теренот“.

„Дури имам и фотографија со Марадона. Тој ми предложи да се сликаме. Никогаш нема да го заборавам неговиот гест“.

„На теренот беше икона за сите, секако. За мене исто така, секогаш ќе го почитувам као спортист и фудбалер. Никогаш нема да го заборавам неговиот гест“.