24фудбал

Пирло конечно е задоволен од играта на Јуве

Андреа Пирло вели дека видел вистински перфроманси на неговиот тим кој го победи Динамо Киев со 3-0.

Италија

Јувентус уште во минатото коло обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите, но и покрај тоа одигра сериозен меч и го победи Динамо Киев со 3-0.

„Задоволен сум со перформансите, имавме вистински психолошки приод. Иако веќе бевме квалификувани, ние мора на секој меч да одиме на победа, па видов вистински перфроманси и позитивен знак кој им беше потребен на фудбалерите“, вели Пирло.

„Знам дека сум млад и треба да напредувам, се обидувам да работам напорно секој ден и да се подобрувам“.