24фудбал

Нејмар: Следната година сакам да ја играм заедно со Меси, реално е тоа да се случи

По синоќешниот меч против Манчестер јунајтед, Нејмар изјави дека сака повторно да игра заедно со Меси и рече дека се работи на тоа Аргентинецот да се пресели во ПСЖ.

Шпанија

Договорот на Меси со Барселона истекува по крајот на оваа сезона по што тој слободно ќе одлучи што понатаму во кариерата. Засега има три јасни опции, да го продолжи договорот со Барса, или да потпише за Манчестер Сити или ПСЖ кои се заинтересирани за него и можат да му ја дадат големата плата која ја бара.

Нејмар знае дека ПСЖ се обидува да го примами Меси во нивниот клуб и верува дека во следната сезона повторно ќе играат заедно.

„Дали би било убаво пак да играм со Меси? Велат дека ја разгледува можноста да дојде тука. Најмногу сакам повторно да играм заедно со него. Може да дојде тука, не е проблем. Сакам да играм со него и треба тоа да се случи уште следната година“, вели Нејмар.