24фудбал

Роналдо го постигна 750. гол во кариерата, 10 проценти се погодоци за Јуве (ВИДЕО)

На натпреварот против Динамо Киев, Кристијано Роналдо го постигна 750. гол во својата кариера.

Италија

Јувентус со 3-0 го победи Динамо Киев, а еден од погодоците беше дело на Кристијано Роналдо, за него 750 во кариерата.

10 проценти од тие погодоци ги има постигнато во дресот на Јуве, а најмногу, дури 450 има дадено за Реал Мадрид. За Манчестер јунајтед има погодено 118 пати, а за португалската репрезентација 102, најмалку има за Спортинг Лисабон, каде ја почна кариерата, само 5.