24фудбал

Оспоруваниот Жиру постигна четири гола против Севиља и собори рекорд на Роналдо! (ВИДЕО)

Оливие Жиру имаше ноќ за паметење, напаѓачот четири пати ја тресеше мрежата на Севиља и со 34 години и 63 дена стана најстариот стрелец на хет-трик во Лигата на шампиони, рекорд кој претходно го држеше Кристијано Роналдо.

Лига на Шампиони

Оливие Жиру често е оспоруван, во Челси не е прв напаѓач но има голема доверба кај Дешам и е стартер за Франција.

Се шпекулира дека во јануари ќе ја промени средината, но дека има што да понуди, голгетерот вечерва покажа со четири гола против Севиља и нова историја.

Со 34 години и 63 дена тој стана најстариот стрелец на хет-трик во Лигата на шампиони, рекорд кој претходно го држеше Кристијано Роналдо.

Оливие Жиру исто така стана првиот играч на Челси по Френк Лампард (2010 година) кој успеал да постигне четири погодока на еден натпревар, и прв во историјата на „сините“ кои тоа го сторил на дуел од најелитното европско натпреварување.