24фудбал

ПСЖ го победи Манчестер јунајтед на Олд Трафорд, Борусија Дортмунд со реми против Лацио се пласираше во нокаут фазата (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед загуби на свој терен од ПСЖ со 3-1 и во следното коло не смее да си дозволи пораз кај Лајпциг, Борусија Дортмунд и Лацио одиграа 1-1, Германците на коло пред крајот се пласираа во осминафиналето.

Лига на Шампиони

Манчестер јунајтед не го искористи домашниот терен за да дојде до победа против ПСЖ, можеа уште денеска да се пласираат во осминафиналето, но сега не знаат дали тоа ќе се случи и во последното коло.

Нејмар донесе водство за ПСЖ уште во шестата минута, Рашфорд изедначи во 32. минута, со 1-1 се замина на полувремето.

Маркињос погоди за предност од 2-1 за ПСЖ, а конечните 3-1 за францускиот тим ги постави Нејмар со својот втор погодок на мечот.

Борусија Дортмунд и Лацио одиграа 1-1, германскиот клуб со овој бод го завери палсманот понатаму. Тие поведоа со гол на Гереиро во 44. минута, Имобиле од пенал во 67. минута изедначи.

Жиру имаше маестрална партија во Севиља каде Члеси победи со 4-0, а тој ги даде сите погодоци и му донесе прво место на својот тим.

Јувентус со 3-0 го победи Динамо Киев, Киеза, Роналдо и Мората беа стрелци на головите.

Барселона со истиот резултат победи на гости кај Ференцварош, Гризман, Брајтвајт и Дембеле реализираа за каталонскиот клуб.

3-0 славеше и Клуб Бриж со Зенит. Претходно Краснодар со 1-0 го совлада Рен, Лајпциг со 4-3 победи кај Башакшехир.