24фудбал

Трилер со седум голови во Истанбул, РБ Лајпциг во 92. минута до три важни бода (ВИДЕО)

РБ Лајпциг успеа да слави на гостувањето кај Башакшехир со 3-4, Кавечи со хет-трик ги врати домаќините во живот, но Сорлот во 92. минута се погрижи гостите да си заминат со цел плен.

Лига на Шампиони

РБ Лајпциг стигна до три важни бода во битката за една од првите две позиции на табелата, вечерва „биковите“ во последните мигови стигнаа до триумф на гостувањето кај Башакшехир.

Избраниците на Нагелсман одлично го започнаа натпреварот, креираа неколку шанси за Пулсен со многу среќа во 26. минута донесе 0-1. Мукиеле во 43. минута ја дуплираше предноста, но пред крајот на првиот дел, Кавечи намали на 1-2 и најави интересно продолжение.

Олмо во 66. минута го врати РБ Лајпциг во предност од два гола, но домаќините не се предадоа, Кавечи убаво пласираше од врвот на шеснаесетникот за 2-3 во 72. минута.

Во 85. минута, Кавечи прекрасно погоди од слободен удар за 3-3 и најави изненадување.

Сепак, гостите го имаа последниот збор, Сорлот во 92. минута од врвот на шеснаесетникот реализираше за 3-4.

На вториот натпревар од 18:55 часот, Краснодар со 1-0 го совлада Рен и обезбеди настап во Лига Европа.