24фудбал

Зидан: Немам намера да поднесам оставка

Реал Мадрид е пред елиминација во Лигата на шампионите уште во групната фаза, а јасно е дека се тресе столчето на Зинедин Зидан кој останува на ставот дека има капацитет да ја стабилизира состојбата, зборови кои ги повторува веќе извесен период.

Шпанија

Реал Мадрид загуби со 2-0 на гостувањето кај украинскиот првак Шахтар во претпоследното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, па дуелот на домашен терен со Борусија Менхенгладбах ќе биде да се биде или не за составот на Зинедин Зидан.

По шокот кој го доживеаа Кралевите, францускиот фудбалски стратег повторно уверуваше дека може да ја стабилизира состојбата во тимот, а подвлече дека нема да се откаже од таа намера.

Нема да поднесам оставка, имаме тешки моменти, навистина резултатите не се такви какви што посакуваме, но тоа е реалноста, мораме да продолжиме“ изјави Зидан по мечот со Украинците.

Знаевме многу добро за значењето на овој натпревар, добро се подготвувавме за истиот, имавме одлично прво полувреме, но, не успеавме да постигнеме гол, преостана уште еден натпревар и тој мораме да го добиеме“ додаде Французинот.

Чувствувам дека имам капацитет за да го решам сево ова, ќе дадам максимум од себе, исто како и фудбалерите“ заклучи Зидан.