24фудбал

Лукаку: Ова е најдобриот период во мојата кариера

Белгиецот го спасуваше својот тим од елиминација во Лигата на шампионите уште во групната фаза, но со синоќешната победа кај Борусија Менхенгладбах шансите за „Нероаѕурите“ за прогрес останаа во игра.

Лига на Шампиони

Интер синоќа славеше со 2-3 на гостувањето во Германија во петтото коло од групата „Б“ со што дојде до пет бода во оваа конкуренција каде лидер е токму Борусија Менхенгладбах со осум бода, по што следат Шахтар и Реал Мадрид со по седум, а сигурно ќе биде возбудливо во последното коло каде Италијанците на домашен терен го пречекува Шахтар.

Ромелу Лукаку погоди на два пати во победата на Интер, а Белгиецот тврди дека ова е најдобрата година и пол од неговата кариера во Интер.

Јас сум еден од 25 фудбалери на Интер, постојат многу поискусни фудбалери од мене, сакам да му помогнам на тимот да победува, тоа го правам постојано, сакам да му помогнам на Интер“ изјави Лукаку.

Среќен сум што сум тука во оваа екипа, ја имам најдобрата година и пол од мојата кариера во Интер, му се заблагодарувам на тренерот, неговиот стручен штаб и моите соиграчи“ додаде Белгиецот.