24фудбал

Конте: Живи сме

Антонио Конте е среќен по победата над Борусија Менхенгладбах, вели дека Интер покажал карактер и стигнал до заслужена победа која го остава во живот.

Лига на Шампиони

Интер со 3-2 победи на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах и ги задржа шансите за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

За да се пласира во следната фаза, во последното коло треба да го победат Шахтар, а Реал Мадрид и Менхенгладбах да не одиграат нерешено.

„Гладбах е во одлична форма овој период, и во Бундеслигата и во Лигата на шампионите. Доколку не сте тиим кој е тактички, дизички ии каректерно спремен, не можете да дојдете тука и да победите“, вели Конте.

„Заслуживме да победиме. Го победивме лидерот во групата и живи сме. Сакам да им се заблагодарам на момците, тие покажаа вистински дух. Кога на ваков начин покажуваат желба да си помогнат еден на друг, тогаш ние сме тим и му правиме штета на противникот“.