Микел Артета вели дека денот кога потпишал за Арсенал, знаел дека нема вечно да трае, дека ќе добие отказ еден ден, а дали тоа ќе биде наскоро, ќе видиме.
Категорија: Англија 01.12.2020 07:36 Прочитано: 1774 пати
Арсенал го има најлошиот старт на сезоната во последните 39 години, се наоѓа на 14. место со само 13 бодови. Артета на прашањето дали мисли дека наскоро ќе добие отказ, одговори:
„Денот кога решив да бидам тренер знаев дека еден ден ќе добијам отказ и ќе го напуштам клубов“, вели Артета.
„Не знам дали првиот ден откако ќе го потпшам договорот, дали за неколку месеци, години..., никогаш не бев загрижен за тоа“.
„Мојата единствена грижа е да го извадам најдоброто од фудбалерите, да бидам најдобар што можам за клубот и да станувам подобар и подобар“.
„Ќе повторам, знам ова каква професија е, и знам дека еден ден ќе добијам отказ или ќе си заминам, но не знам кога тоа ќе се случи“.
Во недела Арсенал ќе има нова тешка задача, му гостува на Тотнем во големото дерби на Северен Лондон.