24фудбал

Жесус: Марадона е најдобар на сите времиња, тој имаше пасија каква што Роналдо ја има малку, а Меси воопшто ја нема

Тренерот на Бенфика, Жорге Жесус смета дека пасијата која Марадона ја имал за фудбалот го разликува од станатите кои се во конкуренција за најдобар играч на сите времиња.

Јужна Америка

Жесус смета дека пасијата која ја имал Марадона за фудбалот, љубовта се која играл, заедно со генијалноста во играта, го прават најдобар во светот.

Тој смета дека Кристијано Роналдо има малку од таа пасија, додека Меси воопшто ја нема.

„Според мене, Марадона беше најдобриот фудбалер во историјата, заедно со Пеле. Пеле е се уште тука меѓу нас, се уште е жив“, вели Жорге Жесус.

„Марадона беше најдобар, не само затоа што беше генијалец како играч, туку според начинот на кој тоа го правеше. Тоа ја прави разликата според мене“.

„Тој беше на врвот на светот, но имаше пасија за играта, беше роден да биде фудбалер, беше роден со се“.

„Не беше некој на кој се работело да биде таков, туку беше така роден. Љубовта, сите тие чувства кои ги имаше со топката...“.

„Овие денови, меѓу двајцата најдобри во светот, Роналдо го има тоа малку, Меси нема ништо од тоа. Тој нема ништо, нема пасија каква што имаше Марадона, иако е голем фудбалер“.