Според правилникот на Шпанската фудбалска федерација, Барселона ќе треба да плати казна поради начинот на кој Меси го прослави голот во чест на Марадона.
Категорија: Шпанија 30.11.2020 10:21 Прочитано: 1637 пати
Меси постигна прекрасен погодок против Осасуна, откако го даде голот го соблече дресот на Барселона, а под него имаше дрес на Њувелс Олд Бојс, аргентинскиот тим за кој играше Марадона, а каде што настапуваше и Меси во младинските категории.
На дресот на Њувелс Олд Бојс имаше и реклама на „Јамаха“ која во тој период била спонзор на клубот.
Правилата на Шпанската фудбалска федерација велат дека играч при постигнувањето на голот доколку го соблече дресот и покажа било каков слоган, реклама, цртеж, анаграм... ќе се соочи со казна. Казната е 3.000 евра и предупредување.
Со оглед на сензитивниот момент Фудбалската федерација на Шпанија можеби треба да му прогледа низ прсти на Меси за оваа прослава, но и да го казни, сумата е смешна и за него и за Барса.
Messi honoring Maradona. Even the gesture is the same. Iconic. pic.twitter.com/7riVjFqzfZ
— Alex Truica (@AlexTruica) November 29, 2020