24фудбал

Наполи одигра во чест на Марадона и ја прегази Рома (ВИДЕО)

Наполи со 4-0 ја победи Рома во дербито од Серија А, Наполитанците триумфот му го посветија на нивниот легендарен фудбалер, Диего Марадона.

Италија

На денешниот меч меѓу Наполи и Рома се беше во знакот на Марадона, тоа како да им даде посебна мотивација на фудбалерите кои неочекувано убедливо победија со 4-0.

Резултатот го отвори Инсиње со прекрасен гол од слободен удар по половина час игра на мечот. Тој веднаш отрча кон клупата на својот тим, зема дрес од Марадона и го покажа пред камерите.

Во 64. минута Руиз биеше максимално прецизно од далечина и зголеми на 2-0.

Во 77. минута во игра влезе Елмас, четири минути подоцна тој шутираше силно кон голот на Рома, голманот Миранте ја одби топката, таа дојде до Мертенс кој ја смести во мрежата за предност од 3-0.

На четири минути до крајот Политано брлијантно се снајде во шеснаесетникот на Рома и погоди за конечни 4-0.