24фудбал

Милан победува и без Ибрахимовиќ, триумф над Фиорентина за нова историја (ВИДЕО)

Милан не запира, попладнево славеше и во пресметката со Фиорентина, „росонерите“ сега имаат плус пет на врвот на табелата.

Италија

И без Златан Ибрахимовиќ во тимот, Милан продолжува да победува. Попладнево на Сан Сиро беше совладана Фиорентина со 2-0.

Резултатот беше отворен во 17. минута, по еден корнер, Ромањоли се најде осамен на подалечната статива и рутински ја затресе мрежата за 1-0.

Десетина минути подоцна, Кеси од пенал погоди за 2-0. Истиот фудбалер имаше прилика пред крајот на првиот дел да ја зголеми предноста, но промашу од белата точка, но ова не влијаеше на конечниот исход.

Со овој тирумф, „росонерите“ сега имаат +5 на врвот на табелата. Милан исто така со оваа победа испиша историја. За прв пат во ерата на три бода за победа, клубот од Сан Сиро има 23 бода по девет кола.

Исто така, за прв пат по 1972 и 1973 година, Милан на 29 натпревари во низа постигнува гол во Серија А.