Манчестер јунајтед се врати од два гола негатива на гостувањето кај Саутемптон, Единсон Кавани влезе на стартот од вториот дел и со асистенција и два гола помогна „ѓаволите“ да слават со 2-3.
Категорија: Англија 29.11.2020 17:01 Прочитано: 417 пати
Со гол во 93. минута, Манчестер јунајтед си замина со три бода од гостувањето на „Сент Мерис“.
Првото полувреме не навестуваше ваков резултат откако Беднарек ги донесе домаќините во предност од 1-0 а Ворд Прауз со прекрасен гол од слободен удар зголеми на 2-0 во 33. минута.
Сепак, на стартот од второто полувреме во игра влезе Единсон Кавани и се променија работите. Уругваецот по еден час игра му асистираше на Фернандез за 2-1 а потоа во 74. минута покажа голгетерски инстикт и со глава изедначи на 2-2.
Во втората минуда од судиското продолжение, Кавани одново реагираше одлично и со глава ја затресе мрежата за 2-3 и голем пресврт.