Полицијата и обвинителството извршиле претрес во домот и канцелариите на Леополдо Луке, личниот доктор на Диего Марадона е под истрага за убиство без умисла.
Категорија: Јужна Америка 29.11.2020 16:34
Личниот доктор на Диего Марадона, Леополдо Луке е под лупа на обвинителството и полицијата, утрово бил извршен претрес во неговито дом и канцеларии.
Ќерките на Диего Марадона го посочиле Леополдо Луке како човекот кој се грижел за здравјето на нивниот татко, веруваат дека тој не си ја вршел добро работата, па отворена е истрага за убиство без умисла.
Се анализира и одговорноста на останатите медицински лица кои биле задолжени за здравјето на Диего Марадона по операцијата.
Се поставуваат многу прашања, зошто намало 24 часа специјалист во домот на Диего Марадона и зошто намало брза помош пред неговиот дом со оглед на тоа дека тој се наоѓал во кревка состојба.